Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево

gradonacalnik_1024x576

По повод празникот Воскресение Христово – Велигден, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов на своите сограѓани, Православни Христијани им упати честитка.

Почитувани сограѓани, верници, Православни Христијани

Од мое лично име и од име на општина Василево, како градоначалник и  верник , Ви упатувам честитка по повод најрадосниот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Во деновите кога ние православните Христијани го славиме воскресението Христово, кога меѓусебно ја споделуваме радосната вест,  кога се поклонуваме на победата на животот над смртта и ја шириме пораката за чудесната моќ на Бог, посакувам празничниот дух да ги исполни вашите души, да го избрише јадот од вашите срца и мир божји да завладее во  вашите домови.

Во духот на празникот и православното учење, стремејќи се кон вечниот живот, со сопствен пример, преку нашето секојдневно однесување и дејствување, да шириме мир и спокој, надевајќи се на подобри денови во кои ќе царува хармонија, сочувство и човечност.

Да си подадеме рака еден на друг, со позитивна  мисла, благ збор и убава желба да допреме до сечие срце.

Радоста на воскресението нека ја врати верата во животот, да му дозволиме на доброто да надвладее над злото, да загосподари со нас и да не води на патот кон вечниот живот.

Да го славиме животот, да му се радуваме  и да уживаме во секој миг поминат со најблиските.

Почитувани мои,

Ви посакувам добро здравје, среќа, благосостојба и мирен духовен живот.

Нека ни е честит Велигден, да сме сите  живи и здрави.

Христос Воскресе

Навистина Воскресе

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail