Вечерва, финале на Велигденскиот турнир во мал фудбал во Добрашинци

Турнир, Добрашинци

Вечерва со почеток во 20 часот, во Добрашинци ќе се одиграат  финалните натпревари од Велигденскиот турнир – Добрашинци 2022 година, кој се одржува под покровотелство на општина Василево.

Со почеток во 20,00 часот ќе се одигра финалниот натпревар во кадетска конкуренција, каде силите ќе ги одмерат екипите на Пепи травел и ДТ травел.

Во 20.45 ќе започне натпреварот за третото место, за кое ќе се борат екипите на Васфил сонце од Нова Маала и Енерџи дринк од Василево.

Финалниот натпревар, кој ќе го даде и победникот на годинешниот Велигденски турнир- Добрашинци 2022 година, ќе започне во 21,45 ч. меѓу  екипите на  Фрејт оне и Гостилница Баче.

За најдобрите обезбедени се награди и тоа: во кадетска конкуренција,  4000 денари за првопласираните и 2000 денари за второпласираните.

Кај сениорите најдобрата екипа ќе добие парична награда од 60 000 денари, второпласираните 30 000 денари и третопласираните 10 000 денари.

Натпреварите се играат на игралиштето во с. Добрашинци.

На турнирот кој трае 17 дена, вкупно учествуваа 24 екипи во сениорска и 6 во кадетска конкуренција.

Главен покровител на турнирот е општина Василево.

Под покровителство на општина Василево, по повод Велигден,  се одигра и фудбалски турнир во населеното место Чанаклија. „Општина Василево ќе продолжи со подршка на сите спортски и културни манифестации, Денес се одигра финалниот натпревар во фудбал на турнирот во Чанаклија. Како покровители на турнирот ги доделивме паричните награди на најдобрите екипи“, напиша на својот ФБ профил,  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24 , кој учествуваше во доделувањето на наградите на најдобрите екипи.

canaklija, 1

canaklija

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail