Над с. Радичево гори нискостеблеста шума

пожар

Над населеното место Радичево има активен пожар – гори нискостеблеста шума. Според информацијата добиена од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев,  куќите и самото населено место не се во опасност.   На терен се екипи на ТППЕ Струмица и ЈП „Македонски шуми“, подружници Струмица. Пожарот е пријавен утринава во 8.50 ч, по што од ТППЕ Струмица е интервенирано со 2 возила и 10 пожарникари. Поради непристапноста на теренот, пожарот сеуште е активен, но екипите кои се на терен го контролираат,  информираат од ТППЕ.

Според информација од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, локалната самоуправа презема мерки во рамки на своите надлежности. „Ја следиме состојбата на теренот и стоиме на располагање со наши човечки ресурси и материјална средства. Доколку има потреба ќе го свикаме Советот на општина Василево и Општинскиот штаб за заштита и спасување,  ќе ја разгледаме состојбата, ќе донесеме заклучоци и ќе дејствуваме согласно нашите овластувања и можности“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој беше  на лице место,  во близина на населеното место Радичево, каде   сеуште гори.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail