Урбанистичките планови за Владевци, Ангелци и Градашорци, од денес во функција

2

„Урбанистичките планови за населените места Владиевци, Ангелци и Градашорци, официјално ги презедовме од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Површината опфатена во планскиот опфат за с. Владиевци изнесува 38,85 ха, за с. Ангелци, 40,67 ха и за с. Градашорци 103,49 ха. Урбанизацијата значи плански развој на населените места од кој бенефит ќе имаат и општината и граѓаните на населените места“,  напиша на својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24 градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по чинот на официјално примопредавање на Урбанистичките планови, кои беа изработени во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион  во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Со овие урбанистичките планови, односно со нивното користење, се овозможува организирано планирање на просторот во населените места.

Во моментот се работи на изготвување и на урбанистички планови за населените места Василево и Пиперево.

6.09.2022, UP za Angelci, Gradasorci i Vladevci

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail