Општина Василево потпиша Договор за партерно уредување на просторот пред Домот на културата во Нова Маала

1_1024x576

Денес, општина Василев со Бирото за регионален развој, потпиша Договор за партерно уредување на платото пред Домот на културата во населеното место Нова Маала.

„Општина Василево продолжува да се развива. Реализирање на ветените проекти како Градоначалник , се и остануваат мој приоритет. Ветивме пред граѓаните на Нова Маала и ќе го реализираме. Општината мора да се стабилизира финансиски од наследените долгови, но во ниту еден момент проектите нема да престанат. Денес потпишав договор со Бирото за регионален развој за партерно уредување на плато пред културен дом во Нова Маала во вредност од 3.822.674 денари. Ветивме и ќе го реализираме“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешното потпишување на Договорот, со кој општината од Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој преку  Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година, успеа да ги обезбеди потребните средства за реализација на проекто со кој просторот ќе добие сосем нов лик и содржини за сите генерации од ова населено место.

Планирано е бетонирање и поплочување на платото, со организиран паркинг простор, поставување на урбана опрерма, односно клупи и корпи за отпадоци, фонтана за вода за пиење, летниковци и  детски реквизити, како и хортикултурно уредување со што целосно ќе се промени не само визуелниот изглед на просторот туку ќе понуди и содржини кои ќе значат подигање на квалитетот на животот во ова населено место.

Со уредувањето на овој простор ќе се зголеми и функционалноста на Домот на културата со зголемување на можностите за организирање на настани како од затворен, така и од отворен тип, во еден функционален, плански осмислен и  и урбано уреден простор.

Она што следува е објавување на тендер и избор на компанија која на терен ќе ги реализира планираните активности.

„Со оглед на тоа што градежната сезона веќе е започната, работите на терен ќе започнат по спроведување на тендерските постапки. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро за модерна општина Василево“, порача градоначалникот Андонов.

2_1024x576 3_1024x576 4_1024x576 5_1024x576

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail