Градоначалникот ги започна средбите со граѓани за планирање на Буџетот за 2023 година

2

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, од населеното место  Нова Маала, и официјално ги започна средбите со граѓани низ населените места на општината, на кои граѓаните ќе даваат предлози и идеи за проекти кои би се реализирале во наредната 2023 година. Истите како составен дел од Програмите за наредната година ќе бидат инкорпорирани во општинскиот Буџет, односно во рамки на Буџетот ќе бидат планирани средства за нивна реализација.

„Вечерва од Нова Маала, заедно со дел од вработените во администрацијата на општина Василево ги започнав средбите со граѓаните низ населените места со цел планирање на Програмите и Буџетот на општина Василево за 2023 година.

Средбите со граѓани се најдобриот начин, каде граѓаните во директна комуникација со мене како градоначалник ќе ги елаборираат проблемите со кои се соочуваат, прашањата кои според нив бараат најитно решавање за да заеднички одлучиме што и кои проекти ќе бидат составен дел од Програмите и Буџетот за 2023 година и како такви ќе бидат реализирани во текот на наредната година. Во наредниот период во Нова Маала ќе се реализираат неколку капитални проекти“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по одржаната средба со граѓаните во населеното место Нова Маала. На средбата, според информација од Градоначалникот,  граѓаните се задоволни од  најавената реализација на двата проекти за ова населено место: локалниот пат Нова Маала – Добрашинци и Уредување на платото пред Домот на културата во ова населено место, а како предлог за наредната година утврдено е асфалтирање на една од селските улици.

Средбите продолжуваат и во останатите населени места од општината.

1 3 4 5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail