Во Пиперево се уредува атмосферскиот канал

DSC_0178_1024x681

Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, во населеното место Пиперево, во изминатиот период изврши активности на уредување на атмосферскиот канал на потегот  покрај главната, влезна,  улица во селото и неговиот спој со реката.

„Со отстранувањето на наталожениот материјал, главно земја и вегетација  каналот се оспособува за прифаќање на атмосферските води од дождовите, кои главно надоаѓаат од полето и преку каналот кој е покрај улицата во самото населено место,  се насочуваат во реката каде што всушност каналот завршува. Активноста токму во овој  период е неопходна, за да се канализира и насочи водата од евентуалните врнежи, односно спречи нејзино излевање по улицата и низ дворовите“, информира градоначалникот Андонов, кој на лице место следеше како се одвиваат активностите.

Вкупната должина на каналот  изнесува околу 1000 метри.

Паралелно со ова,  во населеното место Пиперево се одвиваше и активност на расчистување од дива вегетација и уредување на јавната површина каде што се наоѓа објектот на селскиот водовод.

Активностите на терен ги изведува ЈПКД „Турија“ со ангажирање на сопствени ресурси.

DSC_0159_1024x681 DSC_0162_1024x681 DSC_0168_1024x681 DSC_0170_1024x681 DSC_0173_1024x681 DSC_0175_1024x681 DSC_0183_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail