Учениците од „Атанас Нивичански“ го интервјуираа градоначалникот

DSCN5953

Интервју со градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов денес имаа учениците од шесто одделение од ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала. Тие во улога на новинари му поставуваа прашања на градоначалникот. Се интересираа за начинот на работата на локалната самоуправа, за спецификите на професијата градоначалник, но и за останатите аспекти од неговиот живот, за детството, училишните денови и спомените врзани за тој период, за неговото слободно време и хоби, за улогата што ја има како родител, за неговите цели и амбиции, а за крај побараа како прв човек на општината да упати порака и совет до учениците и младите. Градоначалникот Стојанов почитувајќи го детското љубопитство нашироко одговараше на сите прашања за на крај да им порача да бидат добри ученици, добри синови и ќерќи на своите родители, да бидат успешни и се разбира да бидат среќни со она што во иднина ќе го изберат како нивна професија и нивно занимање.
Интервјуто заврши со договор за наредна средба, но овојпат градоначалникот да ги посети во училиштето на некој од часовите.
Интервјуто со градоначалникот, како што ни објасни наставничката Светлана Ѓоргиевска е во рамки на предметот македонски јазик, во делот за медиумите.

DSCN5948

DSCN5957

DSCN5952

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail