Завршните сметки на дневен ред на 24-та седница

DSCN5930

Завршната сметка на Буџетот на општина Василево и завршните сметки на Јавните општински установи – детската градинка „Прва радост“ и комуналното претпријатие „Турија“, Василево, беа усвоени на одржаната  редовна 24 –та седница на Советот на општина Василево.
Според завршната сметка, Буџетот на општина Василево вклучително со буџетите на единките корисници односно основните општински училишта и детската градинка, во приходниот дел има реализација од 67,78% или изразено во бројки од вкупно планираните 198 412 602 денари реализирани се 134 502 692 денари. Во расходниот дел реализацијата е 56,25% или од планираните 198 412 602 ден. реализирани се 111 601 242 ден.
Додека кај основниот Буџет на општината реализацијата во приходниот дел е 62% или од планирани 116 724 000 ден. реализирани се 73 141 578 денари а во расходниот дел процентот на реализација е околу 39% или од планираните 116 724 000 ден. реализирани се 45 598 631 денари.
Завршните сметки како и Годишниот извештај на општина Василево за 2014 година и Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2014 година, беа изгласани со 9 гласови „за“, додека советниците од советничката група на СДСМ гласаа воздржано.
Советниците и од власта и од опозицијата беа усогласени и едногласно ги усвоија Предлог-Олуката за ослободување од плаќање на престојот во Јавната установа за деца – детска градинка „Прва радост“, Василево која се однесува на децата без родители и родителска грижа и Предлог-одлуката за отпис и расходување на основни средства и инвентар сопственост на општина Василево.
На оваа седница како дополнителна точка на дневниот ред беше ставена уште една точка Преглед на приходи и расходи од спортската сала за 2012, 2013 и 2014 година, предлог кој беше усвоен без дискусии и расправа.

DSCN5931

DSCN5946

DSCN5925

DSCN5939

DSCN5940

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail