Повик за учество на граѓаните во планирањето на Буџетот за 2024 година

Doc2-1

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  упатува отворена покана до сите свои сограѓани за активно учество во планирањето и креирањето на Буџетот за наредната 2024  година

За таа цел, општината преку својата официјална веб страна, на граѓаните им става на располагање и посебна алатка во  електронска форма,  http://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151 , преку која најдиректно, од удобноста на својот дом, ќе можат да ги образложат своите идеи и истите да ги испратат до општината. Истото можат да го направат и во писмена форма преку архивата на општина Василево.

Крајниот рок за доставување на идеи и предлози за креирање на Буџетот за 2024 година е  13.11.2023 година.

Во периодот што следува, со истата цел-креирање на Буџетот за 2024 година,  планирани се и средби на Градоначалникот со граѓаните во населените места на општина Василево, на кои во меѓусебна комуникација ќе имаат можност да разговараат за потребите и да предлагаат идеи за нивна реализација.

Учеството во креирањето на општинскиот Буџет е учество во креирањето на иднината на општина Василево.

 

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail