Седларци доби уредено катче во центарот на населеното место

DSC_0495_1024x681

Насленото место Седларцо доби инфраструктурно и хортикултурно уредено катче лоцирано во центарот на населеното место помеѓу училишната зграда и повеќенаменското игралиште.

На лице место беше градоначалникот на општна Василево, Славе Андонов, кој изрази задоволство од финалниот изглед  на просторот кој ќе биде новото урбано уредено и хортикултурно оплеменето катче за одмор, релаксација и дружење на жителите од населеното место Седларци.

Според податоците од техничката документација, вкупниот уреден простор изнесува 180 м2 од кои 155 се со бехатон плочки на кој се поставени шест клупи за седење. На останатиот простор засадени се  зимзелени и листопадни  дрвца и сезонско цвеќе.

За овој проект општина Василево  од сопствениот Буџет издвои 420 000 денари.

DSC_0489_1024x681 DSC_0497_1024x681

DSC_0499_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail