Градоначалникот на општина Василево на одбележување на Денот на градежниците

наслов

Вчера,  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, присуствуваше на  средбата на градежниците во манастирот Св. Богородица Елеуса во Вељуса.

Градоначалникот им го честиташе празникот со желби за успех во нивната работа , притоа упатувајќи им порака „да ни ја направат убава општината и Република Македонија“.

Свети Апостол Тома е  заштитникот на градежните работници и по тој повод  традиционално, градежниците од поширокиот струмички регион се собираат  во манастирот Св. Богородица Елеуса во Вељуса каде го чествуваат својот патрон и  заштитник.

1_576x768 2_576x768 3_576x768 4_576x768 5_576x768 6_576x768 7_576x768 8_576x768

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail