Започна реконструкцијата на локалниот пат кон с. Добрашинци

NASLOV

Општина Василево, денес, на терен стартуваше со градежните активности за реконструкција на локалниот пат  од крстосница со пат кон брана Турија до центарот на населеното место Добрашинци. Станува збор за целосна реконструкција на овој локален пат која опфаќа отстранување на стариот асфалт, подготовка на подлогата, насипување, тампонирање  и асфалтирање со нов асфалтен слој со дебелина од 8 см.

Вкупната должина изнесува 1320 метри, а ширината околу 6 метри.

Буџетот за реализација на овој проект изнесува околу 16 000 000 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски како грант од Светска банка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

Рокот за изведба на овој локален пат е 6 месеци.

IMG_20231030_144541_575_576x768 IMG_20231030_144603_411_576x768 IMG_20231030_144620_792_576x768 IMG_20231030_144628_503_576x768 IMG_20231030_144637_917_576x768 IMG_20231030_144648_790_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail