Во недела на 05.11.2023, „Празијада“ во Градашорци

праз

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, со видео објавено на неговата ФБ страна, https://www.facebook.com/vasilevo24, ги поканува граѓаните на РМакедонија и пошироко, во недела, на 05 Ноември да дојдат во Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола и да присуствуваат на Манифестацијата „Ден на празот“,  една од најстарите Манифестации од ваков тип во државата, каде на најубав можен начин преку колаж од содржини се промовира една култура но и едно поднебје со сите негови специфики.

„Подготовките се во тек и ние имаме интенција, секоја наредна Манифестација да биде подобра од претходната. Во таа насока очекуваме оваа година да го срушиме рекордот од минатата како во организациски така и во поглед на посетеноста“.

Што се однесува до целта Градоначалникот го нагласува огромното значење за општина Василево, бидејќи преку Манифестацијата општината ги  промовира  карактеристиките и својствата на празот како здрав зеленчук, го доближува до граѓаните истовремено промовирајќи го се она што е карактериктиристика на општина Василево. „Покрај промоцијата на празот, оваа Манифестација овозможува на едно место да се најдат и производителите и преработувачите но и сите трговци, заедно да разговараат и да споделат искуства и секако да најдат нови пазари за пласман на празот. Оваа Манифестација не случајно се одржува во Градашорци. Градашорци е село кое е најголем производител на праз во Р.Македонија. Покрај промотивниот дел на Празијадата имаме и културно уметничка програма каде што ќе се претстават учениците од двете централни училишта и нашата гордост, КУД „Сушевски бисери“ од Сушево. Посебен гостин на Празијадата ќе биде и нашата пејачка Андријана Јаневска. Но што би била Празијадата ако не ги спомнеме и вредните домаќинки кои на оваа манифестација подготвуваат бројни специјалитети со кои ќе се претстават пред сите посетители. Имаме најава за огромен број на гости како од земјава, така и од Р.Бугарија а оваа година за прв пат ќе присуствува и градоначалничката на збратимената општина Понтенуре, Р.Италија“, информира градоначалникот Андонов.

До сите граѓани покана и потсетување:  на 05 ноември повелете во Градашорци,  на

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail