Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, избран за претседател на Советот на ЈИПР

Untitled.1

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на последната седница на Советот за развој на ЈИПР, избран е за нов Претседател на Советот на ЈИПР.

Во изјавата дадена по тој повод за медиумите, Андонов потенцира, дека во неговиот мандат фокус ќе биде ставен на искористување на повеќе средства од домашни и странски фондови за реализација на проекти во Југоистокот.

„Упатувам благодарност до моите колеги кои ми ја дадоа довербата и поддршката во наредните година дена време да бидам Претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион. Секако дека ова ќе биде предизвик за мене но верувам и убеден сум дека со заедничка соработка со сите колеги но и со вработените од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе одговориме на сите предизвици но и да ставиме акцент на регионалните проекти кои ќе не поврзуваат или се барања на нашите граѓани. Во услови на лимитирани средства на сите локални самоуправи, фокус ќе ми биде секако можноста за искористување на повеќе средства од домашни и странски фондови за реализациија на проекти во Југоистокот, решавање на проблеми кои се во интерес на регионот, поголема соработка на општините со оглед дека не мачат прибилижно исти проблеми“, стои во изјавата на Андонов.

Претседателот на Советот на ЈИПР е со мандат од една година.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail