Започна оградувањето на паркот на влезот во Василево

DSC_0023_1024x681

Денес, општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“ и МПЦ ОА,  Православна црква Успение на Пресвета Богородица од с. Василево започнаа  активност за оградување на паркот лоциран на влезот во населеното место Василево.

На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој заедно со претставниците од црквата и ЈПКД „Турија“, ги усогласуваа планираните активности кои треба да финализираат со изграден ограден ѕид од камен со ограда од ковано железо.

Оваа активност се реализира на иницијатива на Црковниот одбор на црквата Успение на Пресвета Богородица од с. Василево и  со  помош и поддршка од општина Василево и ЈПКД „Турија“,  Василево.

Во паркот, со средства обезбедени преку донации од граѓани на општина Василево, во периодот 2015-2016 година, изграден е параклис посветен на Св. Јован Крстител, http://opstinavasilevo.gov.mk/?p=225.

DSC_0011_1024x681

DSC_0008_1024x681

DSC_0013_1024x681 DSC_0028_1024x681 DSC_0039_1024x681

DSC_0019_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail