Советот на општина Василево ги донесе Програмите за 2024 година

naslov

Советот на општина Василево, вчера ја одржа редовната 32 Седница, на чиј дневен ред беа вкупно 39 предлози од кои 7 како дополнителни кои беа предложени и прифатени на самата Седница.
Најголемиот број од предлозите, всушност беа Програмите за работа на општина Василево за наредната 2024 година, чија реализација ќе биде вклучена во Буџетот за наредната година.
Програмите беа усвоени главно без дискусија и  без забелешки, со 8 гласови „за“.
Составен дел на обемниот дневен ред беа и Кварталните извештаи за работата на општина Василево за третото тромесечие од годината, односно  Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2023 (К1), Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево (К2) и Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево (К3), сите за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година. Исто како и Програмите беа донесени со 8 гласови „за“,без дискусии и забелешки.Според податоците од работниот материјал доставен до советниците реализацијата кај консолидираниот Буџет во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници односно двете основни општински училишта и детската градинка, е 62,24% или од планираните 194 398 000 денари, реализирани се 62,24%, додека кај основниот Буџет реализацијата е 56,7% или од планирани 88 800 000 денари реализирани се 50 374 058 денари. Кај блок дотациите реализацијата е 72,8% односно од планирани 94 268 999 ден. реализрани се 68 616 997 ден. кј самофинансирачките активности од планирани 11 330 000 ден. реализрани се 2 001 159 денари или изразено во проценти,реазлизирани се 17,7%. Што се однесува до доспеаните а неизмирени обврски, односно К2 Извештајот, согласно доставената спецификација во работните материјали, долгот на општината на крајот од пресметковниот период изнесува 92 278 754 денари.  Во делот на задолжувањето на општината и јавните претпријатија основани од општината, состојба прикажана во К3 Извештајот, општината во пресметковниот период има обврски во износ од 3 309 345 денари и 49 573 денари по основ на камати и истите се однесуваат за кредитите за изградба на водоводот во с. Чанаклија, улиците во Пиперево и Нова Маала, како и за набавката на возилото за смет.
Со истото мнозинство од 8 гласови „за“ беше усвоена и Измената и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2023 година, односно ребаланс предизвикан поради намалувањето на ДДВ-то за 2023 година за 1 800 000 како и зголемувањето на износот наменет за К-15 и плати во Буџетите на единките корисници (двете основни општински училишта и детската градинка) за 5.385.707 денари.
Со истото мнозинство усвоен беше и  Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“ за третотот тромесечие за 2023 година од 01.01.2023 до 30.09.2023 година и Годишниот  извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2022/2023 година.
На Седницата беше формирана и Комисија за изработка на Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2024 година, како и Комисијата за унапредување на правата на пациентите во состав: Ивана Коцева, Сња Христова, Боби Величковски Антоника Иванов, Андријана Иванов, Ристо Велков, Драгица Глигорова, Александар Митрев и Билент Исинов. Советниците ги усвоија и Измените и дополнувањето на Годишниот план за вработување на општина Василево за 2023 година, како и трите предлози доставени од ОУ на ЈОУДГ „Прва радост“, од Василево, односно Извештајот од спроведената функционална анализа,  Правилникот за внатрешна организација на работните места и Правилникот  за систематизација на работните места,  оваа детска градинка.
Составен дел на денешниот дневен ред беа и неколку Барања за финансиска помош поднсени од правни и физички лица. Со исклучок на Барањето поднесено од здружението Али Бег од Градашорци, за сите останати од страна на Советниците се донесени позитивни одлуки со одреден износ на финансиска поддршка.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail