Завршна конференција на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Be In“, обраќање на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов

Untitled,1

 

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, како  претседател на Советот за развој на Југоисточен плански регион,  со свое обрќање на Завршната конференција на Проектот Деловен екосистем како интегриран систем– Be In“, имплементиран во рамки на  Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република С. Македонија и финансиран од Националните фондови на земјите учеснички и Европска унија. Главната цел на проектот е да им се помогне на поединците да ги развијат своите вештини, а на деловните субјекти да го зголемат својот капацитет преку создавање на кохерентен, интегриран и иновативен деловен екосистем кој овозможува вмрежување и зајакнување на идеите со цел да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот во  прекуграничниот регион.

„Претприемништвото е еден од најважните сегменти на секое општество. Патот кон успешно претприемништво е тежок и токму затоа   истрајноста е важна. Но истрајноста не значи дека треба да се прелета преку проблемите. Истрајноста значи нивно решавање и надминување на различни предизвици кон остварување на целта. Претприемништвото бара целосна трансформација во вредностите, ставот и начинот на размислување. Многумина не знаат како да го сторат тоа или не се подготвени да излезат од комфорната зона на која се навикнати. Токму вакви проекти се потребнни со цел претприемачите да се здобијат со нови знаења и вештини за да се издигнат на патот кон успехот. Тргнувајќи од фактот дека столбот на нашата локална економија лежи во успехот на малите и средни претпријатија проектот понуди опиплива поддршка. Токму претприемачите имаа можност да се запознаат со алатки, стратегии за дигитален маркетинг и силен систем за поддршка не само за да се движат низ предизвиците на денешницата туку и да ги предвидиме и подготвиме за трендовите на утрешницата. Се надевам дека во иднина ќе имаме уште многу проекти од областа на претприемништвото со кој ќе им го олесниме патот на сите претприемачи од ЈИПР; ќе им овозможиме да стекнат компетенции за отвореност кон нови идеи и препознавање на можностите; да се стекнат со знаење за креирање на успешни бизнис идеи кои ќе придонесат кон економски развој и зајакнување на деловниот еко систем во Југоисточниот регион.“, рече во своето обраќање Андонов, кој  патем упати и благодарност до ЦРЈИПР и инволвираните страни за за вложениот труд за имплементација на Проектот.

Завршната конференција се одржа на  17.11.2023 година.

На Конференцијата присуствува и државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов, Раководителот на Генералниот директорат за внатрешна организација и операции – Регион Централна Македонија во Грција, Костас Михалидис и  директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail