Обезбедени средства за изработка на техничка документација за уредување на дворот на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала

naslov

„Потпишав договорот за проектот ”Изработка на техничка документација со ревизија за уредување на училишниот двор во ООУ ,, Атанас Нивичански” Нова Маала“, напиша на својот ФБ профил https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по вчерашното потпишување на Договорот со кој општина Василево обезбеди средства за изработка на техничка документација за Уредување на дворот на ООУ „Атанас Нивичанки“, Нова Маала. Средствата во висина од околу 90 000 денари се обезбедени  во рамки на Проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, како активност на Фондот за техничка документација спроведена од  УНДП со финансиска поддршка од Шведска и Бирото за регионален развој.

Како што  информира градоначалникот Андонов, на настанот на потпишување на договорот присутни биле и постојан претставник на УНДП, Армен Григорјан, директорот  на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и раководителот на развој на соработка на Шведска, Микаел Атерхог.

„Покрај главната цел на настанот, во оваа прилика се дискутираше и за планираните идни активности во рамките на Фондот за техничка документација. Посебен осврт се даде на плановите за негово институционализирање како постојан механизам за финансиска и техничка поддршка на локалните самоуправи во подготовката на висококвалитетна техничка документација и целокупното управување со градежни проекти во општински контекст“, напиша градоначалникот Андонов.

2_1024x768 4_1024x768 6_1024x768

5_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail