Населените места Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково ќе добијат чиста и здрава вода за пиење

1_768x768

„За неколку месеци, населените места Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково конечно ќе имаат чиста и здрава вода за пиење. Обезбедивме средства за последната фаза од реконструкција на филтер станицата „Ташли баир”, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по потпишувањето на Договорот за партнерство со ЦРЈИПР во реализација на проектот „Преземи чекор-заштити ја животната средина“.  Во рамките на овој проект  општина Василево обезбедува средства за набавка на опрема за реконструкција и сервисирање на опрема за филтер станицата „Ташли Баир“ односно за регионалниот водовод од кој со вода за пиење се снабдуваат населените места  Василево, Ангелци, Градашорци и Едрениково.

Средствата во износ од 1 395 940 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој согласно Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој напланските региони за 2023 година. Општина Василево ќе учествува и со сопствени средства во износ од 104 695 денари.

„Моето ветување го исполнувам. Постепено но сигурно работиме населените места во општина Василево да добијат чиста вода за пиење. Конечно ќе заврши целосното и темелно решавање на проблемот со вода за пиење за жителите на Василево, Градошорци, Ангелци и Едрениково. Навистина сум среќен, што решаваме децениски проблем.Правото на пристап до чиста вода е основно човеково право.Ветувањата кон граѓаните се реализираат“, стои во ФБ објават на градоначалникот Андонов.

2_768x768

3_1024x683

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail