Општина Василево започна со изградба на повеќенаменско игралиште во с.Чанаклија

naslov

Денес, локалната самоуправа Василево започна со изградба на повеќенаменско игралиште во населеното место Чанаклија. Со механизација се вршеше  машински ископ  на земја и порамнување на трасата, каде ќе биде изградено новото игралиште. На лице место, заедно со дел од соработниците беше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Согласно проектната документација, игралиштето ќе биде со асфалтна подлога на површина од  990 м2 .  Поставени ќе бидат по  две стативи и кошеви со што ќе се овозможи играње на фудбал, кошарка, ракомет, односно ќе одговара на различните потреби на граѓаните кои овде ќе спортуваат. Игралиштето ќе биде осветлено со лед рефлектори со што ќе биде можно спортување и во вечерните часови.

Изградбната на ова игралиште е планирана со Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја во Општина Василево за 2023 година.  Средствата за негова реализација изнесуваат 3 538 045 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

IMG_20231205_133000_555_1024x768 IMG_20231205_133021_052_1024x768 IMG_20231205_133030_747_1024x768 IMG_20231205_133034_633_1024x768 IMG_20231205_133040_115_1024x768 IMG_20231205_133138_032_1024x768 IMG_20231205_133143_711_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail