Општина Василево обезбеди средства за асфалтирање на патот до манастирот Св. Ѓорги во с. Дукатино

за наслов

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов  со директорот на Центарот за развој на  Југоисточниот плански регион Ѓоко Камчев, потпиша Договор за реализација на проектот за изградба на патот до манастирот Св. Ѓорѓи во с. Дукатино.

Споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот Андонов меѓу другото напиша:„ Ветеното го реализираме. Конечно после долги години очекувања на граѓаните од оваа населено место, ќе се асфалтира патот до манастирот Св.Ѓорги во Дукатино. Уште едено ветување ќе стане реалност! Општина Василево се менува, ветувањата кон граѓаните се реализираат“.

Должината на овој локален пат изнесува 280 метри. Средствата во висина од 2 121 669  денари се обезбедени  од Програма за рамномерен регионален развој за 2023 година на МЛС/БРР.

Финансиското учество на општина Василево е во износ од 190 950  денари.

1_576x768 2_768x768

3_576x768

4_768x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail