Делегација на општина Умраније, Р.Турција во посета на општина Василево

2_1024x768

Викендот,  делегација од општина Умраније, РТурција, беше во работна посета на општина Василево. По средбата и разговорите во кабинетот на Градоначалникот, гостите го посетија и детското забавно-катче во с. Василево, во кое реквизитите за игра и забава на децата се донација токму од оваа пријателска општина.

За  деталите од посетата на делегацијата и разговорите на работниот состанок во кабинетот, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информираше градоначалникот Андонов:

„Денес во работна посета на општина Василево беше делегација од Општина Умраније, Република Турција, предводена од заменик градоначалникот Мустафа Ислак. Општината е со околу 800.000 жители. Во оваа општина живеат многу наши иселеници. Општина Умраније пред извесно време донира детско забавно катче за нашите најмлади граѓани и истото е поставено во населеното место Василево. Разговаравме за нашите надлежности, актуелните проблеми и предизвици, кои се нашите сличности а што е она што не разликува како локални самоуправи. Им благодариме на гостите за донацијата. Но воедно разговаравме и за можноста да добиеме помош и донации во други области за кои е надлежна локалната самоуправа. Општина Василево ќе биде меѓународно препознаена и афирмирана“.

На средбата присуствуваа и претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија Ердоган Сарач  и членовите во Советот на општина Василево од истата партија Ридван Мемедов и Таип Демиров.

1_1024x768 7_1024x768

8_1024x768

9_1024x768

6_1024x768

3_576x768 4_576x768 5_576x768

 

 

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail