Во Пиперево се гради последниот крак од фекален канализационен систем

7_1024x461

„Во населеното место Пиперево се гради последниот крак од фекален канализационен систем. Во Пиперево нема да има домаќинство, кое нема да има можност да се приклучи на фекалниот канализационен систем. Ова е историски момент, бидејќи ова е проект долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните од Пиперево. Со овој проект настапив и на Локалните избори 2021 година како ветување и врз основа на тоа ја добив довербата од граѓаните да ја водам општина Василево. Повеќе нема да има излевање на септичките јами а со тоа ќе се заштити животната средина. Но овде не застануваме, наредните денови ќе започне да се гради нов крак од фекална канализација во населеното место Василево“, напиша на својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот наопштина Василево Славе Андонов, по мизвршениот увид во текот на активностите од изградбата на последниот крак  од системот за фекална канализација во населеното место Пиперево.

Должината на овој крак изнесува околу еден километар.

Со оваа тековна активност општина Василево го заокружува системот за фекална канализација притоа стварајќи услови за приклучување на сите домаќинства од населеното место Пиперево.

4_346x768 5_432x768 6_346x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail