Започна изградбата на уште еден крак од фекална канализација во с. Василево

DSC_0302_1024x681

Денес, општина Василево започна со изградба на Фекален канализационен систем,  Колектор К3 во населеното место Василево.

Согласно техничката документација  и информациите добиени од изведувачот на терен, должината на овој крак изнесува 478 метри. Вкупниот Буџет за негова реализација е околу 1 800 000 денари од кои  околу 1 000 000 ден се од општинската каса и 700 000 денари обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку Програмата за поддршка на имплементацијата на Декадата и стратегијата за Ромите за 2023 година.

Увид на лице место направи градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов со дел од своите вработени, при што од претставникот на изведувачот се информираше за текот на планираните активности, кои во зависност од временските услови би требало да сеодвиваат во континуитет.

Согласно Програмата од која се обезбедени дел од средствата за реализација на овој проект, овој крак е лоциран во дел од с. Василево со Ромско население.

DSC_0291_1024x681

DSC_0277_1024x681

 

DSC_0269_1024x681

DSC_0272_1024x681 DSC_0299_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail