Со свечена седница одбележан Денот на општина Василево

1_1024x684

Општина Василево, со Свечена седница го одбележа 16-ти Декември- денот на општина Василево.

Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој во обраќањето се осврна на развојот на општина Василево во изминатите 27 години, притоа изразувајќи благодарност на сите негови претходници за постигнатото и резултатите кои континуирано продолжуваат и сега.

Ставајќи посебен акцент на идните планови и проекти со чија реализација како што кажа се обезбедува иднина каква што сите си посакуваме за нас и нашите идни поколенија, Андонов меѓу другото рече: „Убавите денови се добар повод и причина да се сетиме на убавите работи кои заедно ги постигнавме, но уште поубав момент да погледнеме кон иднината онаква каква што сите си ја посакуваме за нас и нашите поколенија; Иднина во која ќе понудиме решенија за актуелните проблеми и прашања; Иднина во која најголем дел од проблемите во секојдневното живеење а кои се во надлежност на локалната самоуправа ќе бидат минато“.

Како три битни сегменти со посебен фокус ги наведе финансиското стабилизирање на општина Василево;  вложувањето во сите сфери со посебен акцент на образованието и се што е повразоно со децата или како што рече: „децата се нашата иднина,  па  прашањата поврзани со нив ги сметам како посебно важни“ намерата на општина Василево за зголемувањето на сопствените приходи преку продажбата на државно градежно неизградено земјиште и урбанизација.

На крајот од своето обраќање, градоначалникот Андонов упати и порака до сите свои сограѓани дека за успешен развој на општината потребно е секој во својата средина да се однесува исто како во својот дом: „ Општината се сака со дела. Затоа сите ние нејзините граѓани, секој во својот делокруг на активности, во рамките на своите знаења и можности, секој во своето населено место, треба да се однесува одговорно и домаќински исто како во својот дом. Општината е дом на сите нас. И само со добро планирање, многу залагање, континуирана работа и вклученост на сите жители од напредокот на овој наш заеднички дом е сигурен“

Обраќањето на градоначалникот Андонов може да се види на следниот линк: https://www.facebook.com/vasilevo24.

1_1024x684 2_1024x684 3_1024x684 4_1024x684 5_1024x684

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail