Општина Василево насипува и тампонира улици во повеќе населени места

DSC_0265_1024x681

Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево дваесетина и повеќе денови, во континуитет  спроведува активност на насипување со крупен чакал и тампонирање на локални земјени улици низ населените места на општината.

Според информација од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој на стартот на оваа активност која започна на крајот од претходниот месец  изврши увид во текот и напредокот на работите, досега се опфатени улици во населените места Василево,  Сушево,  Градашорци, Нова Маала, Пиперево  и Радичево и тоа: по три улици во Василево и Сушево,две во Градашорци, по една во Нова Маала, Пиперево и Радичево каде тековно се работи.

Конкретно,  активноста се состои од пополнување на  дупките по улиците со чакал и негово рамнење и тампонирање со машина со што истите се санираат,   им се подобрува состојбата а на  граѓаните кои секојдневно ги користат овие улици им се овозможува подобар пристап кон и од своите домови.

Во  оваа  активност според информацијата од ЈПКД „Турија“, Василево со чии ресурси се спроведува активноста, се работи за околу 240 м3 чакал, обезбедени од општествено одговорни  компании со кои општина Василево има  одлична соработка.

DSC_0229_1024x681 DSC_0230_1024x681 DSC_0237_1024x681 DSC_0246_1024x681 DSC_0247_1024x681 DSC_0251_1024x681

DSC_0254_1024x681 DSC_0257_1024x681 DSC_0260_1024x681 DSC_0264_1024x681

Messenger_creation_7136329937817199598_375x768 Messenger_creation_7136330281634329504_375x768 Messenger_creation_7136330400033535314_375x768

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail