Градоначалникот Андонов на првиот ден од Новата 2024 година во Пиперево на манифестацијата „Сречки“

naslov

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на првиот ден од Новата 2024 година, присуствуваше на Манифестацијата „Сречки“, организирана по повод Нова година од жителите на ова населено место.

Обраќајќи им се на присутните граѓани изрази задоволство и упати честитки до луѓето вклучени во организацијата изразувајќи надеж дека ќе прерасне во традиција: „Се надевам дека ова ќе прерасне во традиција, бидејќи во ова време во кое живееме ваквите манифестации се многу битни“. Како градоначалник на општина Василево се осврна и на реализираните ветувања во годината што измина и проектите кои ќе бидат реализирани во тековната 2024-та. „Она што го ветив од овде минатата година, почна да се реализира, а тоа е последниот крак од фекалната канализација, кој очекуваме рано на пролет целосно да завршат градежните активности. Идната година сите улици кои остана а во Пиперево ќе бидат  асфалтирани а се надеваме и главната улица која е од влезот до центарот на Пиперево ќе ја асфалтираме и ќќе биде поставена атмосферска канализација. Со тоа ќе ги решиме најглавните проблеми на населеното место Пиперево. На крајот од обраќањето градоначалникот Андонов им посака среќна и успешна 2024 година.

Ваква Манифестација, на која исто така присуствуваше градоначалникот, во саботата, во пресрет на Новата година се одржа и во населеното место Нова Маала

За двете  Манифестација, Советот на општина Василево, на својата последна седница позитивно одговори на Барањата за спонзорство  и додели по една машина за миење садови.

Messenger_creation_3e140eb9-7c40-48da-a797-cf370fe725a7_2_1024x768
Messenger_creation_660a6234-3c15-450a-86f9-6a38a3920d07_1024x768 Messenger_creation_99998d13-dde9-4f87-bc44-757587fd18bc_1024x576

 

1_434x768 6_1024x768 7_1024x768 8_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail