Бадниковата поворка ќе ја посети општина Василево

11

„Традиционално и оваа година, како градоначалник на општина Василево се приклучувам на организираните бадникови поворки по повод Бадник, денот пред Христовото раѓање – Божиќ. За таа цел на ден 06.01.2024 година (сабота) во 9:30 часот во просториите на општината ќе ги пречекам сите дечиња. Ги повикувам сите дечиња да се приклучат и сите заедно да му пееме на нашиот Бог“, напиша на својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/photo/?fbid=10229786887755085&set=a.2551212898308, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.
Бадникарската поворка, трета година по ред, со Бадникарските песни најавувајќи го раѓањето Христово,  ќе внесе топлина и радост во општината и домовите на нејзините жители.
Градоначалникот Андонов ги повика сите дечиња да се приклучат на  поворката.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail