Бадниковата поворка ја посети општина Василево

naslov

Со Коледарската песна, најавувајќи го Христовото раѓање и големиот Христијански празник Божиќ, Бадниковата поворка ја посети општина Василево. Коледарите беа дочекани од градоначалникот, Славе Андонов, кој радоста од нивната посета ја сподели на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.

„Сакам да ви се заблагодарам што Бадниковата поворка годинава беше и во Општина Василево. Денес срцето ми е полно со радост! Коледарите носат среќа и бериќет на секоја врата на која ќе затропаат, па силно верувам дека вашата убава мисла и енергија во новата година што ја започнуваме, ќе донесат благосостојба, хармонија, среќа, здравје и радост на секој жител на Општина Василево.  Воедно,ова се моите желби и за сите православни христијани, жители на Општината, со кои заеднички ги празнуваме Божикните празници.

Нека овој Божик ни донесе меѓусебно разбирање и почитување, нека ни донесе просперитетна иднина и подобар живот на сите нас. Жива си наша Македонијо.Традицијата е нераскинлив дел од македонскиот идентитет“, напиша градоначалникот Андонов, заблагодарувајќи им се на коледарите за посетата на општината и упатувајќи ги своите Божиќни желби до сограѓаните. „Нека во овие празнични денови Господ Бог во домовите ни даде здравје, среќа, мир и благодетски радости. Да најдеме начини да ги надминеме проблемите и да излеземе посилни од нив. На сите Православни Христијани им го честитаме Рождеството Христово – Божиќ со желби за добра мисла и меѓучовечко почитување. Нека е честит големиот христијански празник“.

Градоначалникот Андонов присуствуваше и на утринската Божиќна литургија во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Василево.

5 6 8

 

13 14

9

 

10 12

2_424x768

1_576x768 4_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail