Општина Василево ги подготвува речните пристапи за Богојавление-Водици

Messenger_creation_72ba3abb-702d-429b-9e38-cd8a2093e4b0_768x768

Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“ за  извршување на чинот на осветување на водите по повод празникот Богојавление-Водици, врши  уредување на речниот простор во населените места во кои светиот крст се спушта во речната вода. Со механицаји  комуналното претпријатие врши отстранување на вегетацијата и целосно расчистување на просторот каде ќе биде изведен светиот чин на осветрување на водите и спуштањето на крстот. Како што информира градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, станува збор за речните приоди во населените места Василево, Пиперево, Добрашинци и за Владевци и Сушево. Во другите населени места на општина Василево овој свет чин се изведува во специјално за таа намена изградените базени во црковните дворови.

Општина Василево и година е покровител на овој настан и за најуспешните-најсреќните, кои ќе успеат да го извадат светиот крст од осветените води има обезбедено парична награда. Парична награда за оној кој ќе го извади крстот од водата во с. Василево има обезбедено и компанијата Зегин.

Чинот на осветување ќе се спроведе утрото на 19.01.2024 година, на празникот Богојавление – Водици, веднаш по утринската богослужба во црковните храмови во секое населено место.

Messenger_creation_38ea815c-45bd-4c83-b391-e048360d8414_768x768 Messenger_creation_55e3053d-0b9e-4277-9613-eadbcc5ec647_768x768 Messenger_creation_72ba3abb-702d-429b-9e38-cd8a2093e4b0_768x768 Messenger_creation_aa4d1c49-3d14-4603-9166-72f8985ec232_768x768 Messenger_creation_b59291f3-4342-469b-a69d-feecca952b88_768x768FB_IMG_1705384388806_432x768FB_IMG_1705384391699_1024x577

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail