Прв пат по 50 години се асфалтира патот кон село Добрашинци

naslov

Денес започна да се асфалтира локалниот пат што води кон населеното место Добрашинци, на потегот од  крстосницата со патот кон браната Турија до центарот на с. Добрашинци.  Со оглед на фактичката состојба на тертенот пред започнување на активностите и техничката документација, овде се работи за целосна реконструкција која опфаќаше отстранување на стариот, оштетен асфалт, насипување, рамнење, тампонирање, одводнување и како финална активност, денешното асфалтирање.

Должината изнесува 1320 метри, ширината 6 метри а дебелината на асфалтниот слој, 8 см.

Буџетот за реализација на овој проект изнесува околу 16 000 000 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски како грант од Светска банка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

На лице место денес беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, каде заедно со присутните граѓани на Добрашинци го сподели задоволството од  реализацијата на овој патен правец, кој е неопходен  не само за жителите на Добрашинци , туку и за соседните  Висока Маала, Нова Маала и Чанаклија, чии жители се секојдневни корисници на овој локален пат.

20240118_134236_1024x576 IMG-20240118-WA0076_576x768 IMG-20240118-WA0102_576x768 IMG-20240118-WA0162_576x768 IMG-20240118-WA0170_576x768 IMG-20240118-WA0203_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail