Градоначалникот Андонов на спортска дружба во ФК Христов, Василево

naslov

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, вчера се дружеше со децата спортисти, мали фудбалери од фудбалската школа ФК Христов, на Оливер Христов од Василево, кои своите тренинзи и подготовки ги реализираат во спортската сала на ООУ “Гоце Делчев“, Василево.  Градоначалникот Андонов, ги израдува децата подарувајќи им спортски торби за тренинг. Информацијата за пријатната дружба, Градоначалникот ја сподели на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.

„Спортот е еден од главните приоритети на општина Василево. Ја имав честа да се дружам со младите фудбалери – членови на ФК Христов Василево, на кои им поделив торби за тренинг. Им посакав понатамошна успешна спортска кариера, и меѓу другото им посочив, дека општината Василево и во наредниот период ќе биде активна во делот на обезбедување на услови за развој на спортот, се со цел голем дел од младите безгрижно да спортуваат во спортските сали. Спортистите и спортските клубови во Општина Василево ќе имаат секогаш партнер“, напиша градоначалникот Андонов.

Во делот на спортот и спортската инфраструктура, општина Василево во своите Програми за оваа година, има планирано одржување на спортски турнири во речиси сите населени места, субвенционирање на спортските клубови и училишниот спорт, комплетирање на реконструкцијата на училишното спортско игралиште во Василево, реконструкција на повеќенаменското игралиште во с. Радичево, изградба  на игралишта во Чанаклија и Висока Маала како и активности кои би произлегле од тековните потреби за  организирањето, одвивањето и збогатувањето на спортскиот живот во општината, во согласност со потребите и интересите на граѓаните.

1_576x768 3_576x768 4_1024x768 5_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail