Во Василево ќе се одржи крводарителска акција

naslov

Утре, 31.01.2024 година, (втoрник) во периодот од 09,00 до 14,00 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, во организација на ОО Црвен крст, Струмица и Заводот за трансфузиона медицина Струмица,  a во соработка со општина Вaсилево и ООУ „Гоце Делчев“, Василево, ќе се одржи крводарителска акција.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани на општина Василево, да ја покажат својата хуманост на дело, да се вклучат во акцијата и да се придружат на големото семејство крводарители.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail