Втора фаза од асфалтирањето на локалниот пат кон село Добрашинци

naslov

Вчера, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели информацијата за асфалтирањето на втората фаза од локалниот пат што води кон село Добрашинци и притоа најави дека  целосното асфалтирање ќе биде завршено во наредните денови.

„Денес се асфалтираше втората фаза од локалниот пат на потегот од крстосницата со патот кон браната Турија до центарот на с. Добрашинци во должина од 1,3 километари. Очекуваме наредните денови да заврши целосното асфалтирање на овој патен правец. Овој локален пат е од витално значење за секојдневното живеење на граѓаните од населените места Добрашинци, Нова Маала, Висока Маала и Чанаклија. Продолжуваме да ги решаваме проблемите, за поубаво Василево“, напиша градоначалникот Андонов.

Изградбата,односно целосната реконструкција на овој локален пат започна пред неполни три месеци, односно на крајот од месец октомври, http://opstinavasilevo.gov.mk/?p=14771,  a  реализицајаta, според динамиката со која се одвиваат активностите на терен, се очекува да биде наредните денови.

Вкупната должина изнесува 1320 метри, ширината e околу 6 метри а вкупниот Буџет за негова реализцаија е околу 16 000 000 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски како грант од Светска банка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

422258294_399967989091252_2093832035084390164_n_576x768

422234281_399968009091250_487229515658854657_n_346x768

422251107_399967932424591_5133699045927431829_n_321x768
422258855_399967949091256_2752481752525163623_n_346x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail