ООУ „Атанас Нивичански“ од Нова Маала се поднови со нова дигитална опрема

наслов

Една смарт табла и десет лап-топ компјутери е новата дигитална опрема во ООУ “Атанас Нивичански“ со која ова училиште го модернизира образовниот процес.

Според информацијата од директорката на ова училиште, Марија Костуранова, опремата е добиена од Министерството за образование и наука.

„Технички унапреден и дигитализиран образовен процес во основното училиште „Атанас Нивичански“ Нова Маала“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, по направениот увид при поставувањето на опремата во училиштето.

„Дечињата од основното училиште „Атанас Нивичански“ Нова Маала сега имаат можност да бидат дел од образовен процес кој е технички унапреден и дигитализиран со нова опрема. Станува збор за опрема која вклучува една нова смарт-табла со проектор, 10 лаптопи“, информираше градоначалникот притоа најавувајќи дека до крајот на овој месец училиштето ќе добие и кабинет по информатика.

„До крајот на месецот основното училиште „Атанас Нивичански“ Нова Маала ќе добие и кабинет по информатика. Напредната и модерна технологија е неопходна за подигнување на квалитетот на образовниот процес, нови знаења и резултати. Преку континуирани инвестиции во опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во општина Василево.

Инвестициите од ваков тип продолжуваат и во следниот период. Ова е процес преку коj успеваме да креираме подобра средина во која учениците имаат можност да ги истакнат своите таленти и да ги остварат зацртаните цели“, е ставот на градоначалникот Андонов.

1_1024x768 3_576x768 4_576x768 5_576x768 6_1024x768 7_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail