Целосно исчистена дивата депонија во с. Василево

naslov

Дивата депонија во населеното место Василево, лоцирана во близина на големото фудбалско игралиште е целосно отстранета. Ридовите отпад депонирани на површина од околу 20 декари се дислоцирани, просторот е израмнет и подготвен за негово идно планско уредување.

Отпадот беше дислоциран на депонијата Шапкар во Добрашинци и старата депонија во с. Василево, каде што граѓаните и во иднина ќе може да одлагаат отпад .

Информацијата за комплетното завршување  на оваа активност која започна во средината на минатиот месец, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  ја објави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

„Заврши уште еден голем проект за населеното место Василево.Уште едно ветување станува реалност. Целосно е исчистена дивата депонија во непосредна близина на големото фудбалско игралиште во Василево, која повеќе од една деценија го загадува централното подрачје на нашата општина. Депонијата беше рак рана на Василево и околината и затоа пристапивме кон целосно решавање на овој проблем. Оваа еколошка бомба е минато. Ретко кој веруваше во реализацијата на овој проект, но сведоци сме дека повеќе не постои оваа дива депонија. Местото на кое се наоѓаше дивата депонија ќе биде соодветно уредено“, напиша Андонов на својот профил и притоа ги упати граѓаните, отпадот да го депонираат на старата депонија, која се  користела пред повеќе од дваесет години.

1_1024x768 3_1024x768 4_1024x768 5_576x768 6_748x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail