Се модернизира наставниот процес во училиштето во Ангелци

3_1024x768, 1

Подрачното училиште „Гоце Делчев“ во населеното место Ангелци“, од страна на Движењето за национално единство на Турците, доби на подарок две магнетни училишно табли, кои ќе бидат вклучени во наставниот процес со цел на негово подобрување и осовременување.

Информацијата за оваа донација, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  ја сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов: „На овој начин се стимулира унапредувањето на дигиталните вештини и знаења, а дополнително се унапредува и целокупниот наставен процес. Подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Ангелци доби две нови бели магнетни табли“, Андонов најави дека набрзо ова училиште ќедобие и нова, современо опремена библиотека.

„Освен поставувањето на нови табли, училиштето во Ангелци за прв пат ќе добие и нова библиотека која ќе биде современо опремена“, информираше Градоначалникот.

Подрачното училиште во населеното место Ангелци е во состав на ООУ „Гоце Делчев“, Василево и во него настава посетуваат вкупно 150 ученици од прво до пето одделение од македонска и турска националност.

1_576x768 2_1024x768 4_1024x768 5_576x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail