Реконструкцијата на филтер станицата Ташли баир во завршна фаза

naslov

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  сподели информација за реконструкцијата на филтер станиницата Ташли Баир, од која со вода за пиење се снабдуваат жителите на населените места Ангелци, Градашорци, Василево и Едрениково, како и индустриската зона.
„Конечно ќе имаме здрава и чиста вода за пиење. Во финална фаза се работите за реконструкција на филтер станицата Ташли баир, објект од стратешко значење за општина Василево. Сите заедно, долги години пиевме нечиста вода. Ова е прво поголемо вложување во реконструкција и надоградба во веќе дотраената опрема. Филтер станицата е изградена 2004 година и замислете прв пат се менува кварцниот песок. Но кога ја добив довербата од Вас граѓаните, ветив дека ќе се посветам на решавање на овој проблем. Соп оваа инвестиција се продолжува животниот век на филтерската постројка најмалку за уште дбваесет години. Со ова ќе се направи значаен чекор во враќање на филтерската постројка во нормална работа со комплетна автоматика и испорачување на чиста вода според првичниот капацитет од 30 литри во секунда“, рече во видео обраќањето, https://www.facebook.com/vasilevo24/videos/727651956215150, градоначалникот Андонов.
Буџетот за реконструкција на филтер станицата  е обезбеден од  различни извори,  односно 2 000 000 денари од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата  за управување со водите за 2023 година, 1 395 940 преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Бирото за регионален развој согласно Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој напланските региони за 2023 година и сопствено учество на општина Василево во износ од 104 695 денари.

2_1024x473
4_576x768 5_576x768

 

 

 

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail