Се гради повеќенаменското игралиште во с.Чанаклија

наслов

Во населеното место Чанаклија, тековно се одвиваат активности на изградба на повеќенаменско игралиште за кое опшината има обезбедено средства од сопствените извори на приходи.

Во текот на вчерашниот ден, увид во градежните активности направи градоначалнмикот на општина Василево, Славе Андонов, кој задоволството од текот и динамиката со која се одвиваат активностите ги сподели преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24: „Чанаклија ќе добие ново квалитетно место за рекреирање. Во наредниот период ќе биде асфалтирано. Ќе биде поставено ново лед осветлување. Многу генерации ученици од Чанаклија ќе имаат спомени од детството и училишните денови на ова игралиште“’, притоа градоначалникот ја најави и скорешната изградба на повеќенаменското игралиште во Висока Маала. „Го менуваме ликот на Општина Василево“, порача градоначалникот Андонов.

Согласно документацијата, асфалтната подлога на игралиштето ќе изнесува 990 м2, а  од едната страна заради специфичноста на теренот,  на три нивоа ќе бидат поставени габиони, односно специјален камен во жичени кутии. Игралиштето ќе биде оградено и осветлено со четири лед рефлектори. Ќе се монтираат  стативи за голови и кошеви, а од дополнителна паркова инфраструктура ќе бидат поставени клупи и корпи за отпадоци.

Изградбата на ова игралиште е планирана со Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2023 година, кога  беше спроведена и постапката за јавна набавка.

Согласно Договорот со компанијата која го гради игралиштето,  Буџетот за целосна реализација на сите планирани активности изнесува  околу 3,5 милиони денари.

2_355x768 3_355x768 4_1024x473

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail