Дневен ред за 37-ма седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 16.04.2024 година (вторник),  со почеток во 14,00 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 37-ма седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за Претседателски и Парламентарни избори 2024 година со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања во општина Василево;
  2. Годишен извештај за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година;
  3. Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2024 година;
  4. Завршна сметка на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2023 година;
  5. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2024 година;
  6. Предлог-одлука за ажурирање на составот на Универзалните сили на општина Василево.

Дневен ред

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail