Започна Илинденскиот турнир во Радичево

11403067_835362313186125_1811035668630998079_n

Од денес, 14.07.2015 год. па до крајот на месецов, во Радичево, во организација на МЗ и под покровителство на општина Василево, се одржува ноќниот турнир во мал фудбал „Илинден 2015“.
Играорците од КУД „Илинден“ од Радичево – единственото активно културно уметничко друштво во општина Василево и нивните гости – играорците од с. Костурино, со сплет од игри и ора го означија почетокот на веќе традиционалниот Илинденски турнир. Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој воедно е и негов главен покровител.
Вкупно 18 екипи од повеќе населени места на општината и од поширокиот регион, во наредните петнаесетина денови ќе ги одмерат силите натпреварувајќи се за вкупен награден фонд од 60 000 денари.
Натпреварите се играат на училишното игралиште во с. Радичево, секоја вечер, со почеток во 20 часот иу 15 минути.
До сите љубители на спортот организаторот упатува отворена покана. Влезот е слободен.
Според распоредот дневно ќе се играат по четири натпревари а финалето ќе биде на 31.07 2015 година, два дена пред Илинден- празникот кој во ова населено место се празнува како селска слава.

igraorci, turnir

IMG_0156

IMG_0169

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail