Десет нови предлози усвоени на денешната 30-та Седница на Советот на О.Василево

DSCN7887

На денешната редовна 30-та Седница на Советот на општина Василево усвоени се сите 10 предлози од дневниот ред.
Едногласно и без дискусија советниците го прифатија предлогот за пристапување на општина Василево како соосновач на здружението „Локална акциона група Беласица – Огражден“ со седиште во Босилово, како и предлогот за утврдување на потреба од определување на заштитни зони за акумулацијата „Турија“.
Дискусија, предизвика финансискиот извештај на ЈПКД„Турија“ Василево за првото полугодие, односно за периодот до 30.06.2015 година. Според образложението дадено од претставникот на комуналното претпријатие, во споменатиот период ЈПКД „Турија“ бележи загуба од 188 000 денари. Сепак имајќи ги предвид финансиските показатели и динамиката на работа од второто тромесечие, од ЈПКД „Турија“, на крајот од годината очекуваат позитивен финансиски резултат .
Беше донесена и одлука за проширување и измена на средствата на Буџетот на О.Василево, во износ од 855 000 денари. Се работи за средства кои општината ги обезбеди преку Програмата Форуми во Заедницата, а се наменети за спроведување на Буџетски форум.
Согласност добија и двата акти предложени од детската градинка „Прва радост“, Василево, односно Правилникот за систематизација и Правилникот за внатрешна организација на работните места во ЈОУДГ„Детска радост“. Советниците одобрија и две барања за финансиска поддршка и тоа на ловното друштво „Фазан“ од Василево и на пингпонгарскиот клуб „Астраионспорт Плус“ од Струмица.
На оваа седница претседател доби Комисијата за земјоделие и заштита на животните и растенијата, а Комисијата за урбанизам , комунални дејности и заштита на животната средина доби член. И во двете Комисии именуван е советникот Иван Ристов, кој доаѓа на местото на починатиот Илчо Колев.

DSCN7889

DSCN7881

DSCN7877

DSCN7878

DSCN7880

DSCN7879

DSCN7896

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail