Општинскиот тим подготвен за спроведување на Буџетскиот форум

IMG_20150912_141207

Општинскиот тим за спроведување на буџетскиот форум деновиве се едуцираше како да ги реализира форумските сесии преку кои граѓаните со партиципативно учество ќе гласат кои проблеми треба да се решаваат со општински пари. Оперативната група ги доби обврските и задачите кои треба да ги реализираат во текот на наредните 12 месеци за успешно спроведување на Буџетскиот форум. На обуката учесниците се запознаа со процесот на подготовка и донесување на Буџетотот, за улогата и задачите на оперативните групи, за подготовките на форумските сесисии и активностите меѓу нив, анимирање на граѓаните за креирање на развојните стратегии преку нивни сугестиии и забелешки. Првата форумска сесија на која ќе бидат формирани работните масси согласно буџетските програми ќе биде организирана на крајот од овој или почетокот на следниот месец. Во рамки на Форумот, вкупно ќе бидат организирани пет форумски сесии со краен исход – подготовка на општинскиот буџет за наредната година според потребите на граѓани како приоритети. Последната шеста сесија која всушност претставува мониторинг на целокупниот процес, општината ќе даде отчет за сработеното и за реализацијата на проектите финансирани од општинскиот буџет. Форумот на заедницата е програма која ја финансира Швајцарската агенција за развој и соработка а истиот се реалзира преку единциата за форуми при ЗЕЛС

IMG_20150912_141202

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail