Општина Василево ја одржа Втората сесија од Буџетскиот форум

DSC_0192

Синоќа, во големата сала на мотелот Мис стон во Василево, општина Василево во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Единицата за координација на форумите (ЕКФ), ја одржа Втората форумска сесија од Буџетскиот форум, на која како што рече градоначалникотна општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, во изјавата дадена за медиумите, главна тема беа приходите на општината.
„Приходите ќе бидат една од главните теми на оваа форумска сесија, а тоа значи да изнајдеме заеднички начин односно идеи и предлози, како и што подобро да се полни касата на општина Василево за да имаме повеќе средства за да реализираме поголем број на проекти.“, изјави градоначалникот Стојанов.
На почетокот на сесијата презентирани беа 26-те предлози за проекти произлезени од работата на претходната сесија, како и ставот на градоначалникот Стојанов зо можноста од нивна реализација. Преку презентациите за планирани и реализирани приходи на општината за 2015 година, за периодот до 30.09 2015 год. и за проектираните приходи за наредната 2016 година, подготвени од одделението за финансии на општина Василево, присутните имаа можност да се запознаат со структурата, начинот и изворите на приходи на општината, по што следуваа дискусии и идеи за изнаоѓање на нови начини и средства за зголемување на општинскиот Буџет. Дадени беа вкупно 12 предлози, меѓу кои зголемување на цената за јавна чистота за 20%, воведување на поголеми давачки за правните лица кои немаат регистрирано фирма во општина Василево а имаат изградено објекти, нов попис на семејни згради и деловни објекти заради поправично оданочување, поголеми даноци за странските инвеститори, даноци за намажени и неженети, даноци за разведени и т.н
Дали и што од сето тоа е прифатливо ќе покаже работата на наредните форумски сесии.

DSC_0139

DSC_0151

DSC_0162

DSC_0165

DSC_0179

DSC_0182

DSC_0185

DSC_0199

DSC_0201

DSC_0217

DSC_0221

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail