Советот на општина Василево ги усвои кварталните извештаи на општината

DSC_0136

Кварталниот извештај за извршување на Буџетот (К-1), Кварталниот извештај за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево (K-3) сите за периодот од 01.01.2015 до 30.09.2015 година, беа усвоени на деншната редовна 32-ра Седница на Советот на општина Василево. Советниците ги усвоија и предложените измени и дополнувања на Буџетот. Се работи за намалување на вкупниот Буџетот (Буџетот на општина Василево со единките корисници) за 13 951 083 денари  додека намалувањето кај основниот Буџет е за 13 495 000 денари. Советниците ја усвоија и предложената одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објекти каде што како инвеститор се јавува општина Василево.
На оваа седница, неодамна формираниот Совет на млади на општина Василево е дополнет со уште тројца членови и тоа: Лазе Василев, Дени Цеков и Иван Коцев.
Советниците одлучија и дека за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта и улици во општина Василево ќе се наплаќа надоместок и тоа за големина од 0,5 м2 до 1,00 м2 надоместокот е 3000 денари, за големина од 1,00м2 до 3,00 м2 – 5000 денари и за големина над 3,00 м2 износот е 10 000 ден.
На оваа седница одобрени се и две барања за финансиска поддршка поднесени до Советот на општината.

DSC_0126 DSC_0128 DSC_0129 DSC_0132 DSC_0133 DSC_0134 DSC_0137 DSC_0142 DSC_0145 DSC_0148

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail