Министерот Јолевски ја посети поранешната касарна во општина Василево

joleski-500

joleski-500

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска оствари средба со градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов, по што заедно ја обиколија и старата касарна во месноста Владевци.

-Целта на мојата посета е да дадам поддршка во претворањето на овој поранешен воен комплекс во комплекс кој ќе обезбеди економски развој, истакна министерот по посетата на поранешната касарна.

Министерот за одбрана воедно потенцираше дека дава огромно значење не само на стандардот на припадниците на Армијата, туку и на квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија.

kasarna-joleski3-500

Градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов порача дека по предавањето на комплексот од страна на Министерството за одбрана, општината има изработено урбанистички план согласно кој се планира изградба на хотелски комплекс, објекти од здравствената дејност или пензионерски домови.

– Станува збор за три хектари на една парцела со чиј развој ќе се придонесе и кон развој на туризмот во општината, информираше Стојанов.

Воениот комплекс во Владевци е предаден на локалната самоуправа како дел од проектот “Старите касарни за нов развој”.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail