Дневен ред за 34-та Седница на Советот на О.Василево

DSCN5466

Во понеделник (07.12.2015 год.) со почеток во 14,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 34 седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Извештај на Општинската изборна комисија Василево за преземените работи согласно член 155 од Изборниот законик.
2. Донесување на Заклучок за престанок на мандатот на член на Советот на општина Василево.
3. Верификација на мандат на член на Советот на општина Василево.
4. Давање и потпишување на свечена изјава.
5. Разрешување и избор на претседател на Советот на општина Василево.
6. Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2016 година.
7. Предлог-одлука за одтуѓување на движни ствари во сопственост на општина Василево.
8.Барање за добивање финансиски средства поднесено од Здружението „Басмак“ Василево.
9. Програма на Општинскиот совет за превенција на малолетничко престапништво на општина Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail