Одбележан Денот на општина Василево 16-ти декември

naslov

Советот на општина Василево, со свечена седница ја одбележа 19 годишнината од формирањето на општина Василево.
По тој повод свои обраќања имаа претседателот на Советот на општина Василево г-дин Драги Митев и градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов.
„Општина Василево деветнаесет години опстојува и напредува. Ја градиме да биде пример не само во регионот туку и пошироко. Да бидам искрен задоволство е да се биде член на советот на општина Василево во година во која се донесоа многу значајни одлуки од важност за сите граѓани, одлуки кои се основа за многу проекти кои се реализираат: изградбата ка канализациона мрежа во с.Владевци, изградба на Сушевски порој, изградба на улица покрај Сушевски порој , изградба на улица во индустриска зона Градошорци, изградба на парк во с.Василево, парк во с.Градошорци и многу други. Денес Општина Василево е општина со која сите ние треба да се гордееме“, нагласи претседателот на општинскиот Совет, г-дин Драги Митев, во своето обраќање.
Во своето обраќање градоначалникот на општината г-дин Ванчо Стојанов нагласувајќи ги придобивките од 19 годишното опстојување на општина Василево рече: „Заедно со Советот на општина Василево и граѓаните, чекор по чекор, ден по ден, макотрпно, трпеливо и упорно, планираме, работиме, градиме. Многу улици и улички, локални патишта и тротоари, оградени училишни дворови, спортски терени и игралишта се резултат на нашиот труд, на нашата посветеност и стремежот кон поставената ни цел:
Општина Василево со секој нов ден да да биде поубаво место за живеење во однос на претходниот, зашто секој нареден ден за нас е предизвик да се надмине и надгради она што го имаме.
Од типично рурална општина пред 19 години, од општина без педа асфалт по селските улички, денес сме општина со уредени улици и улички, со тротоари и пешачки патеки со асфалтирани локални патишта, со училишта кои се затоплуваат со системи за парно греење, со детска градинка во која нашите дечиња од најрана возраст се воспитуваат и социјализираат, со водоводи и канализации, со паркови и игралишта, со индустриска зона на која можат да ни позавидат и далеку поголемите општини од нас. Денес сме општина со сите нишани на урбаните, денес општина Василево е пријатно место за живеење. Денес го имаме сето тоа затоа што 19 години, сите ние граѓаните на општина Василево, создававме заедно. Но, пред нас се уште многу предизвици, уште многу отворени прашања, уште многу потреби кои ги наметнува современиот начин на живеење“ рече градоначалникот Стојанов притоа нагласувајќи дека и во иднина заедничкиот ангажман на сите ќе биде клучен за развојот на општината.
„Заедно како и досега ќе работиме, градиме, твориме; за нас и нашите поколенија.
Заедно како и досега ќе се радуваме на резултатите и успесите, ќе чекориме напред и ќе одбележуваме уште многу годишнини“ – рече на крајот од своето обраќање градоначалникот Стојанов.

DSC_0119

DSC_0122

DSC_0126

DSC_0128

DSC_0129

DSC_0137

DSC_0144 DSC_0162

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail