Претставници на Националната комисија за заеднички служби во посета на О.Василево

naslov

Членовите на Националната комисија за меѓуопштинска соработка, заедно со претставници од UNDP , денес беа во посета на општина Василево, која заедно со општини Босилово и Ново село од 2005 година има заеднички администаративни служби и со градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов разговараа за резултатите од заеднички служби и можностите за проширување на меѓуопштинската соработка и во други сфери.
„Денес во посета на општина Василево се членови на Националната комисија за меѓуопштинска соработка. Општина Василево, општина Босилово и општина Ново село имаат заеднички служби во делот на урбанизмот, инспекциските служби и даночно одделение. Посетата е за да се види до кој степен е соработката меѓу овие три општини и можноста за натамошно проширување на заедничките служби со други одделенија, односно заеднички служби и за други надлежности. Веќе соработуваме во делот на заедничко решавање на проблемите на одводнување односно на регулација на речното корито заради спречување на излевање на водата и поплавување, за да можеме да ги сведеме на минимум штетите што вообичаено ги трпиме при излевање на реката“, изјави градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, додавајќи дека проектот за чистење на речното корито е во фаза на реализација.
„ Посетата е резултат на интересот на Националната комисија за меѓуопштинска соработка, да посети една од општините кои колку овие служби уште работат и кои се заштедите направени во Буџетите на општините, кои според некои анализи изнесуваат меѓу 12 и 15% од општинските Буџети и да се види можноста за проширување, со цел да се покријат сите надлежности на општинити заради подобрување на услугите кон граѓаните, г-ѓа Жулиета Ѓуркова, член на Националната комисија за меѓуопштинска соработка, која прецизираше дека на денешбата средба конкретно е разговарано за можноста од проширување на меѓуопштинската соработка во областа на заштитата на животна средина и внатрешна ревизија.

DSC_0186

DSC_0189

DSC_0182

DSC_0180

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail